ИСТРАЖУВАЧКИ ПРОЕКТ: „СТАРИТЕ СКОПСКИ ЗАНАЕТИ“

Во денови кога се бориме со емоциите, секој разбирајќи ги работите на свој начин… Во денови кога детските погледи се исполнети со прашалници, а возрасните го немаат вистинскиот одговор…заедно со колегите и учениците од нашето партнер училиште „26 Јули“ решивме да заминеме во срцето на Скопје – плочникот кој со векови му одолева на времето, по кој газеле големи освојувачи, познати светски патници и патеписци. Плочникот по кој шетале нашите баби и дедовци, нашите мајки и татковци, по кој шетаме ние, а ќе шетаат и нашите деца – СТАРАТА СКОПСКА ЧАРШИЈА. И нема дилема – таа им припаѓа подеднакво на сите – македонци, албанци, турци, власи, роми, евреи…. Таа му припаѓа на Скопје, на Македонија, на светот…. но, пред се, им припаѓа на скопските занаетчии.