АКЦИЈА ˝ЗАСАДИ ДРВО ЗА МИР˝ 2014

Училиштето Наум Охридски, с.Булачани се вклучи во меѓународната акција ˝Засади дрво за мир˝ 2014 која е организирана од Интернационалната програма ˝Учење за шумите˝, а во Република Македонија се спроведува преку програмата ˝Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем˝. Во акцијата беа вклучени учениците, наставниците и локалните жители кои заедно со илјадници училишта од целиот свет садеа дрвца за мир. Акцијата започна во училишниот двор каде беше оддржан краток говор преку кој присутните се запознаа со значењето на акцијата која го симболизира мирот и одржливиот развој во светски рамки, а потоа се пристапи кон локацијата за садење каде беа насадени десетина дрвца кои ќе го симболизираат мирот.