Уште некои од нашите активности за подигање на свеста за зачувување на околината и реупотреба на нешто што е наменето за отпад. Стари искинати чорапчиња, малку мешавина на земја и песок, стари филџани и чаши, копчиња, машнички, шноли што не ги носиме, ластичиња, стегачи …. и се друго од ситници што дома стои по пепељари и по чашки. На тоа додавате малку детска фантазија и малку подршка од возрасните и резултатот се членовите на четирите семејства: Ековски, Зеленковски, Природовски и Климовски. Тие ви порачуваат: Постојат 4 начини да си го подобриме квалитетот на животот и да и помогнеме на планетата Земја да не издржи вакви какви што сме.