Настава во природа Учениците од 5 одд во периодот од 22.4.2025 до 26.4.2025

Учениците од 5 одд во периодот од 22.4.2025 до 26.4.2025 реализираа настава во природа со наставничките-одделенски раководители,Билјана Антанасова и Елена Максимовска.Поаѓање на групата беше од пред училиштето во 9ч.Патуваа преку Битола,Крушево при што ги посетија планираните знаменитости во овие градови.Во попладневните часови се сместија во хотелот Конгресен центар во Охрид.За време на престојот посетија повеќе места:Заливот на коските,Св.Наум,Св.Софија,Св.Канео, Природно-научниот музеј во Струга,Куќата на Миладиновци,а попатно и панорамски ги разгледаа и сите убавини на крајбрежјето на Охридското Езеро.Деновите им беа исполнети со многу забава,дружење,гимнастика,спортски игри,но и реализација на наставни содржини преку изразување и творење,пишување извештај,ликовни активности,пеење,играње, читање на легенди и потсетување на сите традиции на луѓето во Западна Македонија.Многу дружења , впечатоци,размена на искуства и знаења помеѓу учениците и наставниците.Петтиот ден групата тргна во 10 ч после појадокот.Панорамски ги разгледаа убавините на Мавровското Езеро и реката Радика, а потоа го посетија манастирскиот комплекс Св.Јован Бигорски.Пристигнаа пред училишната зграда во попладневните часови,сите среќни и задоволни од реализираната настава во природа.

Translate »