Трибина ,,Заштита на охридската пастрмка и белвица во Охридското Езеро“

,, На 26.12.2024 година ученици од нашето училиште заедно со предметниот наставник по географија м-р Јована Димовска учествуваа на трибина ,,Заштита на охридската пастрмка и белвица во Охридското Езеро“ чија цел е да ја покренеме свеста за богатството што го има во Охридското Езеро , ендемичните видови и како да ги заштитиме. Трибината ја организира средното училиште АСУЦ ,, Боро Петрушевски “на Град Скопје во Музејот на македонска борба во Скопје, во рамките на проектот ProBLeu, финансиран од Европска Унија, кој се фокусира на ревитализација на водните екосистеми, преку истражување, иновации и активно вклучување на граѓаните. Целта на проектот е подигнување на еко свеста кај учениците, всадување љубов кон животната средина, поттикнување на активизам со организирање на еко-акции и еко-работилници.