Ве информираме дека Фондацијата Никола Кљусев со поддршка од министерството за култура и оваа година го спроведува проектот Творам за Македонија, во кој директни учесници се учениците од основните и средните училишта на РМ.
Со цел да се поттикне творештвото и креативноста кај младите, проектот вклучува пишани творби (проза или поезија) на зададена тема.
Оваа година темата е “Јазикот на душата”.
Сите ученици кои сакаат да конкурираат нека ги пратат своите творби на следната e-mail адреса zlatkapanchevska@yahoo.com