Привршуваат активностите од модулот “Математика” на училишниот проект со работен наслов „ENBIOMATH”. Овој проект замислен како квиз натпревар во три предметни области е активност во рамки на програмата “Училишта на 21-от век” во која е вклучено нашето училиште. Истиот се темели на потребата кај учениците да се подигне самодовербата и мотивацијата за самостојно и колаборативно учење со правилно користење на сите достапни ресурси за учење (учебници, други пишани или дигитални материјали, ИКТ, разговор со стручни лица, лични и туѓи искуства при решавање реални проблеми и др.).
Проектот беше одлично прифатен од страна на учениците и неговата реализација е во тек.