На ден 07.05.2025г. ученици
од III одд. од 11 училишта
во општината, во организација на Општински сојуз на училишен спорт на Гази Баба реализираа втор полигон, игри од натпреварувачки карактер.
Целта е да се поттикнат учениците на изведување физички активности, формирање на спортскo- натпреварувачки дух, формирање на здрави навики, кои придонесуваат за подобрување на физичкото и менталното здравје.
Настанот се одржа во спортската сала на ООУ ,,Вера Јоциќ”.
Честитки за нашите ученици кои уште еднаш се претставија во добро светло.
Aктивноста имаше меморијален карактер во чест на нашиот другар Алек.

