Работилници за менталното здравје кај учениците

Со деветтите одделенија од Црешево и Булачани од страна на психологот беа реализирани работилници за менталното здравје кај учениците. Се водеше активна дискусија и дебатирање во пријатна и отворена средина, со многу разменети мислења поврзани со оваа тема. Учениците пробаа техники на активно дишење за намалување на стресот и фокусирање, а за крај беа наведени совети и активности за подобрување на менталното здравје што учениците можат да ги практикуваат и надвор од училиште.

9Б одд.