Тема: „Предобро за да биде вистинито. Да се заштитиме од онлајн измами“
Во рамките на одбележувањето на Денот за побезбеден интернет, оваа година во нашето училиште беа спроведени низа активности со цел подигнување на свеста кај учениците за опасностите од онлајн измами и начини за заштита.
Активностите беа успешни и позитивно прифатени од учениците, кои покажаа голем интерес за темата. Учениците научија како да ги препознаат и избегнат онлајн измамите и стекнаа практични вештини за заштита на нивните дигитални податоци.
За во иднина, планираме редовно организирање на вакви настани и соработка со експерти за подигнување на свеста за интернет безбедноста.


