УЧЕНИЧКА КВИЗОТЕКА 2024г.

   На 19.11.2024г. во просториите на Детски културен центар ,, Карпош’’-Скопје  беше реализирана  Ученичка квизотека.Натпреварувачи на денешната Ученичка квизотека беа учениците од основните училишта:

1. ООУ „Кочо Рацин“ – Општина Центар

2. ООУ „Наум Охридски“ – Општина Гази Баба

3. ООУ „Марко Цепенков“ – Општина Зелениково

4. ООУ „Александар Македонски“ – Општина Аеродром

Нашите ученици Доријан Абдулов од 8а одд.,  Јована Митковска и Јелена Димовска од 9б одд.се вложија максимално во оваа квизотека.Ментор на нашите ученици беше проф.м-р Јована Димовска.Вториот круг ќе се одржи во февруари 2025 година.Продолжуваме понатаму!