Обука од проектот “Искуствено учење за животна средина и климатски промени за наставниците по природни науки “

Центарот за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, започна со реализација на проектот: „Искуствено учење за животна средина и климатски промени за наставниците по природни науки“ во рамки на програмата “Охрабрување на децата и младите во Северна Македонија да станат двигатели на промените за намалување на ранливоста на заедниците од климатските промени“ спроведувана во соработка со УНИЦЕФ и Бирото за развој на образованието, финансиски поддржана од владата на Шведска.
За таа цел, на 21.2.2023 година нашите наставници, Соња Рулеска, Маја Крстеска, Марија Сотировска, Марија Димитрова и Јована Димовска учествуваа во Обука од проектот “Искуствено учење за животна средина и климатски промени за наставниците по природни науки “ која беше спроведена од обучена наставничка Даниела Петрушевска ООУ „Вера Јоциќ -Маџари“, Општина Гази Баба.