УЧЕНИЧКА КВИЗОТЕКА

На 10.11.2022г. во просториите на Детски културен центар ,, Карпош’’-Скопје  беше реализирана  Ученичка квизотека.Натпреварувачи на денешната Ученичка квизотека беа учениците од основните училишта:ООУ „Наум Охридски“-Гази Баба, ООУ „ Кузман Шапкарев“-Кисела Вода, ООУ „Вера Јоциќ“-Гази Баба, ООУ „Лазо Ангеловски“-Аеродром.

Нашите ученици Ангела Ѓорѓиевска,  Александар Трајковски од 8а одд. и  Бојан Јовчевски од 9б одд. се вложија максимално во оваа квизотека.Ментор на нашите ученици беше проф.м-р Јована Димовска

Продолжуваме понатаму! Вториот круг ќе се одржи во февруари 2023 година.