ЗА УЧИЛИШТЕТО

ИНФОРМАЦИЈА ЗА НАШЕТО УЧИЛИШТЕ

Основното училиште “Наум Охридски”во с. Булачани, Скопје претставува воспитно-образовна институција а воедно и организациона единица на општина Гази Баба. Училиштето е лоцирано на северо – источниот дел од Скопска Црна Гора и спаѓа во редот на училишта кои работат во ридско планински предел.

Основното училиште без подрачните е формирано уште за време на турското владеење во Македонија, а во 1963 година прераснува во осум годишно училиште со опфат на ученици од с. Булачани и с. Раштак. Со доградба на две училници во ПОУ с. Црешево во 1995 година ова училиште прерасна во основно училиште.Училиштето ги опфаќа училишниците обврзници од с. Црешево, с. Виниче и с. Смиљковци додека пак ПОУ с. Раштак ги опфаќа училишните обврзници од с. Раштак.

Од 1965 година па до денес училиштето функционира како ЦОУ Наум Охридски с. Булачани. Наставно – воспитната работа се изведува во три училишни згради кои се исклучиво наменети за изведување на наставно – образовна работа. Оддалеченоста на училиштето од град Скопје е 16 км.

ОРГАНИЗИРАЊЕ НА НАСТАВАТА

Во училиштето има вкупно 362 ученици во учебната 2022/2023 година, распоредени во 20 паралелки од прво до деветто одд. Училиштето во с. Булачани брои 163 ученици , во с. Црешево 177 ученици и во с. Раштак 22 ученици. Во ООУ “Наум Охридски” – с. Булачани наставата се изведува во 20 паралелки од прво до деветто одд. на македонски јазик. Во ООУ с. Булачани има вкупно 9 паралелки и наставата се изведува на македондки јазик во 2 (две) смени. Во ПООУ с. Црешево наставата се изведува во 9 паралелки од прво до деветто одд. на македонски јазик и тоа во две смени. За учениците од предметна настава во прва смена додека за учениците од одделенска настава во втора смена. Во ПООУ с. Раштак учениците се организирани во две комбинирана паралелка од прво и второ одделение и трето и четврто одделение . Се работи во една смена.

slider-slika-fin

Воспитно – образовната работа ја реализираат вкупно: 36 наставници.

Одделенска настава (I – V ): 15 наставници.

Предметна настава (VI – IX ) : 21 наставници.