Конкурс за првенес на генерацијата 2012/2021

Врз основа на правилникот, критериумите и постапката за избор на првенец на генерација, Тимот за пофалби и награди во ООУ,,Наум Охридски,, с. Булачани-Скопје распишува конкурс за избор на првенец на генерација 2012/2021 година. Конкурсот ќе трае во  периодот 15.05.2021 до 01.06.2021 година.

Право на учество имаат учениците од деветто одделение кои ги исполнуваат условите според критриумите за иозбор на првенец на генерација. Учениците треба до одделенските раководители да ги достават следниве документи:

  1. Лична биографија
  2. Фотокопија од пофалници за успех и поведение, дипломи за освоени награди на натпревари и потврди за учество на вонаставни активности
  3. Потврда напишана од класниот раководител за успехот и поведението на ученикот

Нецелосните и ненавремено доставените документи нема да бидат разгледувани од Комисијата.

НАПОМЕНА:

 Со оглед на тоа што според препораките од надлежните институции учениците не посетуваат редовна настава, сите ученици од IX одделение кои ги исполнуваат критериумите, документите од точка 1 и 2, да ги испратат во електронска форма до класните раководители. Потврдата од точка 3 ќе ја обезбеди училиштето.