Ширум Европа денес се одбележува 9-ти Мај како Ден на победата
над фашизмот и Ден на Европа, во знак на сеќавање на завршувањето на
Втората светска војна во Европа во 1945 год. и почетокот на создавањето на
Европската Унија пет години подоцна.
Овој датум како Ден на Европа, кој го прославува единството и
мирот на стариот континент, се одбележува од 1985год.
Оваа година се одбележува 75 годишнината од завршувањето на
Втората светска војна и 70 годишнината од започнувањето на иницијативата
за создавање на денешната Европска Унија.
По повод одбележувањето на овој ден учениците од VIII и IX
одделение од нашето училиште подготвија реферати и PowerPoint
презентации. Голема благодарност до нив.