Книжевната манифестација „Есен во Гази Баба“ се одржа на 30 и 31 октомври 2019 г. во Неолитската населба „Тумба Маџари“ и Парк шумата „Гази Баба“ (првиот ден, среда 30 октомври од 10 ч. и вториот ден, 31 октомври (четврток) во ООУ „Григор Прличев“ во н. Железара во 12 ч.
На крај манифестацијата се заокружи со коктел каде што наставниците и учениците заедно со Градоначалникот од општината ги разменуваа импресиите од оваа книжевна организација.
На оваа манифестација од нашето училиште беше наградена ученичката Мартина Богдановска од 6-а одделение и ученичката Ева Атанасовска од 9-а одделение на кои им беа доделени и дипломи како и на нивни ментори.