ООУ „Наум Охридски“с. Булачани, објавува повик за избор на Ученик правобранител и Заменици ученици правобранители.
Ученикот Правобранител претставува ученик кој ќе се грижи за заштита и почитување на правата на децата во училиштето, кој ќе има обврска да ги промовира правата на детето, да препознава повреда на детските права во рамките на училиштето и да ги пријави на сите случаи на повреда на детските права до надлежните органи во/вон училиштето (Училишен кадар и Народен правобранител).
УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО
Право на пријавување за функцијата Ученик правобранител: ученици/чки од 7 мо и 8 мо одделение.
Право на пријавување за функцијата заменик Ученик правобранител: ученици/чки од 6то,7мо и 8мо одделение во основно училиште.
НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Документи потребни за аплицирање се пријава и мотивационо писмо. Заинтересираните ученициможе да подигнат пријава од педагошко – психолошката служба во училиштето. Истата треба да се пополни и да се достави до службата. Мотивационото писмо се пишува во слободна форма.
Краен рок за поднесување на документите: 25.10.2019