Денешниот убав есенски ден, 14.10.2019, го искористивме за еднодневниот есенски излет. Учениците и вработените уживаа во природата во скопско Кучково. Денот беше исполнет со спортско-рекреативни активности, групни прошетки во природата. Го посетивме и манастирот св. Ѓоргија, кој датира од 14от век.