На 04.10.2019, се одржа првата конститутивна седница на Ученичкиот парламент предводена од Директорот на училиштето. На седницата,претседателите на паралелките беа запознаени со работата на Ученичкиот парламент и нивната улога како дел од истиот.
Како претседател на Ученичкиот парламент беше избран Валентино Ицковски,а заменик-претседател ќе биде Зорица Ѓорѓиевска. Останатите членови се Дарко Стоилески, Матеј Стојковски и Теа Митковска.