На 17.09. во просториите на ООУ Наум Охридски, Булачани, се одржа работилница во рамките на проектот Slow Food-Училишни градини. Работилницата се одржа под водство на координаторот Снеже Ангеловска и предметните наставници по англиски јазик и ликовно образование, Мирјана Ивановска и Виолета Божиновска, а со учество и поддршка на нашите соработници од Slow Food Macedonia. Во рамките на работилницата, учениците се запознаа со концептот за училишни градини, нивно проектирање, изградба и одржливост. Потоа учениците изработија цртежи со своја замисла за изгледот на училишната градина и растенијата кои таа треба да ги содржи. Проектот тече и понатаму, а со задоволство веќе ги подготвуваме и следните активности.
