Од 06 до 10 мај се реализираше Настава во природа со учениците од петите одделенија. Патувањето беше интересно и возбудливо за учениците низ кое се запознаа со историјата и природните убавини на нашата убава Македонија. Учениците посетија многу градови, села и околни места со кои го збогатија нивното знаење, љубов ,грижа и развој на свест за заштита на истите. Наставата се изведуваше непречено секојдневно со голема инспирација од виденото, а истовремено се здобивме со уште едно ново пријателско дружење со учениците од ООУ ,, Крсте Мисирков,, и ООУ,, Крум Тошев,, преку што нашите ученици ја докажаа својата дружељубивост, сплотеност, чувство за грижа,соработка,размена на идеи и мисли.
