На 12.10.2018 учениците од второ до девето одделение од нашето училиште беа на еднодневен есенски излет во излетничкото место Чардак . Излетот беше од рекреативен и забавен карактер. Топлото време им овозможи на учениците да се дружат , играат, да се забавуваат и уживаат во убавините на природата . Преку активности и друштвени игри кај учениците се поттикнуваше толеранција, почитување и свест за чиста животна средина. Сите заедно поминавме еден прекрасен ден исполнет со многу доживувања.
