Упис на првачиња

УПИС НА ПРВАЧИЊА

Почитувани родители !!!

Основното училиште ,,НАУМ ОХРИДСКИ,, од 02.05.2018 до 31.05.2018 година ќе врши упис на ученици во прво одделение. По тој повод на ден 30.04.2018 година од 8:00 до 16:00 часот ги покануваме сите заинтересирани родители чии што деца ќе бидат првачиња да го посетат нашето училиште се со цел за да се запознаат со училиштето, начинот на работа и организираност, наставниците и стручните соработници.

Во прво одделение ќе можат да се запишат оние деца кои до крајот на календарската година ќе наполнат шест години, односно родени до 31 декември 2012 година.

По барање од родител и добиено мислење од училишниот психолог во прво одделение ќе можат да се запишат и деца родени до 31 јануари 2013 година.

Покана за упис може да добиете од училишниот  психолог во училиштето или да се јавите на тел.бр. 02575-946

Дополнително ќе бидете известени за распоредот по училишта и термини за прием.

За упис во прво одделение за деветгодишно образование потребни се следниве документи :

  1. Извод од матична книга на родени, може да биде постар од 6 месеци ( оргинал на увид и фотокопија);
  2. Лекарска потврда за задолжителните примени вакцини;

Напомена потврдата издадена од детско одделение е бесплатна, а од матичен лекар се наплатува 300 ден

  1. Потврда од стоматолог ( издадена од Поликлиника Ченто а не од приватен стоматолог);
  2. Лична карта од двајцата родители на увид.