Извештај за реализирана активност во рамките на Светските денови на акција 2018 на еко училишта и градинки Канцеларија на Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ ни прати Повик за вклучување во Светските денови на акција 2018 на еко училишта и градинки на што нашето училиште со задоволство се вклучи со неколку планирани и реализирани активности. Учениците од четврто и петто одделение беа во театар и гледаа престава со наслов “Дванаесет месеци”. Други ученици учествуваа во организација на училишната библиотека. Се организираа и часови во училишниот двор во просторот наменет како училница на отворено.