НАГРАДИ

Трето наградени за најбезбедно и најчисто училиште во Македонија

Комисијата составена од претставници од МОН, Бирото за развој на образованието, Центарот за средно образование и обука и Министерството за внатрешни работи, по разгледувањето на пристигнатите апликации и извршениот увид во самите училишта, ги избраа и добитниците. Средното училиште „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка и Основното „Дане Крапчев“ се прогласени за најбезбедни и најчисти училишта […]

Трето наградени за најбезбедно и најчисто училиште во Македонија Read More »

Второ зелено знаме за нашето еко-училиште

По објавениот Конкурс за наградување на градинки, основни и средни учлилишта вклучени во првата, втората и третата година од имплементацијата на Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“, нашето училиште по втор пат се закити со највисокиот статус – Зелено знаме. Зеленото знаме е потврда дека се исполнуваат сите предвидените критериуми и услови

Второ зелено знаме за нашето еко-училиште Read More »

Турнир во одбојка за вработените во училиштата

По повод 3-ти Ноември, Денот на општината Гази Баба, во спортската сала на ООУ ,,Крум Тошев” се одржа турнир во одбојка помеѓу вработените од основните и средните училишта од општината. Нашето училиште освои  3-то место. Честитки за посветеноста и спортскиот дух на сите учесници и уште поголем успех следната година!

Турнир во одбојка за вработените во училиштата Read More »

Стипендии за талентирани ученици и талентирани спортисти

По повод Денот на општината 3-ти Ноември, Советот на општина Гази Баба одржа свечена седница на која беа доделени стипендии на талентирани ученици и талентрани спортисти, како и наградите за најдобрите творби и цртежи. Од нашето училиште награди добија учениците : Јане Стојковски ученик од VIIб стипендија за талетиран ученик и Елеонора Митковка ученик од IXб одделение

Стипендии за талентирани ученици и талентирани спортисти Read More »

Книжевна манифестација „Есен во Гази Баба“

На 31.10.2018, во ООУ „Григор Прличев“ се одржа Книжевна манифестација „Есен во Гази Баба“. Беше распишан Литературен конкурс: „Есеј во есен“ Од нашето училиште беа пратени есеи од нашите ученици. Жирито, по разгледувањето на пристигнатите творби, заклучи дека квалитетот на есеите, не само што ги задоволува критериумите, туку и ги надминува очекувањата. Оттука, издржаноста на пристигнатите

Книжевна манифестација „Есен во Гази Баба“ Read More »

Прва награда на државно ниво во Атлетика

Во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, во соработка со Атлетската федерација на Македонија, на 11.05.2018 во Куманово се одржа државно првенство во Атлетика за основни училишта во машка и женска конкуренција. Во учество на повеќе од 250 натпреварувачи, нашите ученици Стефан Блажевски IXб одд. и Давид Вељановски IXб одд. учествуваа во дисциплините:100

Прва награда на државно ниво во Атлетика Read More »

Translate »