Ликовниот хепенинг обедини ученици од сите 11 основни училишта на Општина Гази Баба, кои заедно твореа во училишниот хол на ООУ „Крсте Мисирков“, по повод големиот јубилеј – 50 години од основањето на општината. ![]()
Училишниот хол пулсираше во знакот на уметноста, креативноста и заедништвото. Во прекрасна и мотивирачка атмосфера, младите уметници преку силата на боите и својата имагинација создадоа прекрасни дела инспирирани од развојот, традицијата и убавините на Гази Баба. ![]()
![]()
Нашето училиште со гордост го претставуваше нашата ученичка Евгенија Трифуновска, која со својата креативност, талент и уметнички дух беше дел од оваа прекрасна заедничка приказна.
Честитки за Евгенија и благодарност до сите организатори за можноста нашите ученици да го покажат својот талент и да бидат дел од овој значаен јубилеј!
Уметноста нè обединува, а креативноста ги поврзува генерациите!








