Продолжуваме со активностите во рамките на Детската недела под мото: „Детството е најубавата приказна – да им помогнеме на децата да ја напишат со насмевка!“ ![]()
„Убав збор“ – учениците седеа во круг и секој упати убав збор и искрена пофалба до својот другар. Преку оваа активност научија дека убавиот збор, почитта и добрината можат да измамат насмевка и да создадат пријатна атмосфера. ![]()
„Детството низ литературата“ – „Светот низ детските очи“ – преку пишување состави, учениците го претставија светот онака како што го доживуваат тие – исполнет со фантазија, радост, љубов, дружење и детски соништа. ![]()
![]()
Нека секој детски ден биде исполнет со убави зборови, искрени насмевки и безгрижни детски соништа!





