Mеѓународен eTwinning проект “EcoChallenge: Nature Sensitive Future”

Во текот на изминатата учебна година, нашето училиште со особена чест и големо задоволство беше дел од меѓународниот eTwinning проект „EcoChallenge: Nature Sensitive Future“, посветен на подигнување на еколошката свест кај учениците и поттикнување активен однос кон заштитата на животната средина.

Проектот успешно се реализираше преку проектно базирано и соработувачко учење, при што учениците работеа на различни теми поврзани со современите еколошки предизвици, како што се обновливи извори на енергија, загадување на почвата, климатски промени и концептот „Zero Waste“.

Во текот на проектните активности, учениците истражуваа локални и глобални еколошки проблеми, предлагаа решенија и креираа разновидни продукти – постери, дигитални презентации, STEM активности, е-книги, приказни, креативни модели и други едукативни содржини.

Преку овој проект учениците успешно ги развиваа своите критички и креативни вештини, способноста за решавање проблеми, тимската работа, комуникацијата, дигиталните компетенции и свеста за одржлив начин на живеење.

Особено сме горди што преку оваа меѓународна соработка нашите ученици имаа можност да разменуваат идеи, да соработуваат со врсници од други земји и да стекнат нови знаења и искуства кои придонесоа за нивниот личен и образовен развој.

Учеството во проектот „EcoChallenge: Nature Sensitive Future“ претставуваше уште едно значајно искуство за нашето училиште и потврда дека преку меѓународни проекти можеме успешно да градиме генерации кои размислуваат одговорно, креативно и одржливо.

Горди сме на сè што постигнавме и на успешното завршување на овој проект, кој остави трајни знаења, вредности и позитивни промени кај нашите ученици.

Translate »