Во рамките на Дигиталната недела во нашето училиште беа реализирани бројни наставни и воннаставни активности со примена на современи дигитални алатки како WordArt, Kahoot, Wordwall, Canva, Padlet и Wayground.
Во активностите учествуваа ученици од I до V одделение, кои преку интерактивни содржини ги надградуваа своите знаења по англиски јазик, математика, природни науки, македонски јазик, ликовно образование и физичко и здравствено образование.
Учениците креираа облаци од зборови, решаваа квизови, изработуваа едукативни постери, учествуваа во мемориски игри, користеа дигитални табли за споделување на творби и реализираа активности за повторување и утврдување на наставните содржини. Преку ваквите активности тие ги развиваа комуникациските, креативните, математичките и дигиталните компетенции, како и вештините за соработка, критичко размислување и самостојно решавање проблеми.
Активностите беа реализирани од наставниците и менторите: Александра Мирческа, Елена Максимовска, Соња Апостоловска-Трајковска, Сунчица Стојковска, Теодора Димовска, Тања Муцева, Биљана Белогаска и Ненад Рајковчески.
Дигиталната недела успешно ја исполни својата цел – збогатување на наставниот процес преку современи образовни технологии, поттикнување на активното учество на учениците и развој на дигиталната писменост како една од клучните компетенции за учење во 21 век.




