Наставник советник

Со особена чест и гордост, училиштето ја споделува веста дека нашата колешка, Елена Максимовска, согласно објавената ранг-листа на Министерството за образование и наука официјално се стекна со највисокото звање „наставник советник“.

Ова високо професионално признание претставува потврда за нејзината долгогодишна посветеност, стручност, креативност и неизмерна љубов кон воспитно-образовната работа. Преку својот труд, професионализам и искрена грижа за учениците, таа остава значаен белег во развојот на образованието и претставува вистински пример за наставник кој инспирира, мотивира и создава вредности. 🌟🍀❤️

Нејзиниот успех е гордост за целото училиште и доказ дека посветената работа, континуираното усовршување и љубовта кон професијата секогаш се препознаваат и вреднуваат.🍀🍀🍀

Вработените на нашето училиште и упатуваат искрени честитки за ова значајно достигнување, со желба и понатаму успешно да чекори по патот на знаењето, патот на успехот и развивање на професионалниот развој ❤️❤️❤️

Translate »