Во периодот од 25.05 до 31.05 во нашето училиште ќе се реализира „Детокс недела“, посветена на дигиталната благосостојба, здравите навики и балансираната употреба на технологијата. ![]()
#ДетоксНедела#ДигиталнаБлагосостојба#OfflineHero#DigitalMentor#УчењеБезЕкрани
Во рамките на активностите за „Онлајн детокс“, учениците од 1 до 5 одделение својата креативност ја изразија преку разубавување на училишниот двор со цртање со креда.
Преку своите шарени цртежи, учениците внесоа смеа, радост и позитивна енергија, поттикнувајќи заедништво, соработка и дружење. Со голем ентузијазам ги објаснуваа своите творби и покажаа дека најубавите моменти се создаваат преку игра, дружење и креативност надвор од екраните.
![]()
„Помалку време на телефон – повеќе време за игра, другарство и насмевки!“








