Извештај за реализирана петдневна настава во природа

Во периодот од 17.5.2026 до 21.5.2026 година беше реализирана петдневна настава во природа во Западна Македонија со учениците од V одд. од ООУ,,Наум Охридски”-с.Булачани.

На екскурзијата учествуваа учениците од V a и V б одд. со нивните одделенски раководители Теодора Димовска и Билјана Антанасова.

Поаѓањето беше од училишниот двор во утринските часови.Патувавме преку Велес,Прилеп,Крушево,со посета на споменикот Македониум и Спомен куќата на Тоше Проески.

Потоа продолживме кон Битола и имавме прошетка низ Широк сокак и освежување со сладолед.

Во вечерните часови пристигнавме во Охрид и се сместивме во хотелот Конгресен центар.Следуваше вечера ,забава,дружење и ноќевање.

Вториот ден започна со појадок и посета на манастирскиот комплекс ,,Св Наум”. По ручекот следуваа наставни и спортски активности,прошетка покрај езерото,дружење и игри.После вечера -диско забава и ноќевање.

Третиот ден после појадокот заминавме на прошетка низ градот Охрид.Ја посетивме Самоиловата тврдина,Плаошник,

Св.Софија, Амфитеатарот и фабрика за хартија.

По враќањето во хотелот следуваше ручек,попладневни наставни и спортски активности,вечера и ноќевање.

Четвртиот ден после појадокот заминавме во посета на Вевчани,Вевчанските извори и посета и прошетка низ градот Струга.

Последниот ден на враќање кон Скопје беше реализирана посета на Вруток .

Во попладневните часови учениците безбедно пристигнаа во с.Булачани, среќни,исполнети со многу нови искуства,знаења и спомени.

Одделенски раководители:

Теодора Димовска

Билјана Антанасова

Translate »