📢 Еразмус+ обука во Даламан, Турција 🇹🇷
Со големо задоволство споделуваме дека 4 наставници од нашето училиште учествуваат на 7-дневна Еразмус+ обука во Даламан, во организација на Pixie Academy.
Првиот работен ден помина во одлична атмосфера, исполнет со интересни и интерактивни активности. Наставниците имаа можност да се запознаат со академијата, обучувачите и останатите учесници, преку ice-breaking активности и воведни сесии. Воедно, беше реализирана презентација за важноста на дигиталната благосостојба, како и интерактивна работилница посветена на подигнување на свесноста за правилна и ефективна употреба на технологијата. Домаќините се покажаа како исклучително гостопримливи, создавајќи пријатна и мотивирачка работна средина.
✨ Со нетрпение ги очекуваме следните денови и новите знаења и искуства што ќе ги донесат нашите наставници! #erasmusproject #pixieacademy #nacionalnaagencijanarepublikasevernamakedonija

