Со големо задоволство споделуваме дека нашите ученици Ангел Стоилевски (4-то одделение ) и Максим Димовски (3-то одделение) учествуваа на натпреварот MIND MASTERS IQ CHALLENGE – SKOPJE, кој се одржа во Yahya Kemal College.
На овој престижен настан учество зедоа околу 200 ученици од 3-то и 4-то одделение, кои се натпреваруваа во логичко размислување, математика и визуелни предизвици.
Особено сме горди на нашиот ученик Ангел Стоилевски од ПООУ „Наум Охридски“ с.Црешево кој се пласираше на одличното 11-то место!
Ангел Стоилевски и Максим Димовски се здобија со сертификати за учество, како признание за нивниот труд, знаење и посветеност.
Овој успех е доказ дека со труд, упорност и љубов кон учењето, учениците можат да постигнат одлични резултати!
Честитки за нашите ученици и им посакуваме уште многу успеси во иднина





