На 26 март 2026 година во нашето училиште учениците од VI, VII, VIII и IX одделение од с. Булачани го одбележаа месецот на франкофонија со креативни изработки и украсување на училишното пано. Учениците од VI, VII и IX одделение изработија презентации на хамер на француски и македонски јазик со цел да ги запознаат останатите ученици од нашето училиште што претставува франкофонија, кога е формирана, кои се државите членки, кога се одржале конгресите итн. Учениците од VIII одделени, во склоп на часот по готвење направија француски канапеи ( мали сендвичи), украсени со француски знаменца изработени од учениците од VI одд. Храната беше споделена со останатите ученици од училиштето. За навистина да го доловиме амбиентот на Франција и духот на францускиот јазик, целата активност беше пропратена со фрацуска музика.







