Учениците од 5-то и 6-то одделение на 11.3.2026год. следеа онлајн предавање на тема „Ендемични растенија“, организирано од Ботаничката градина. Преку ова предавање тие имаа можност да се запознаат со значењето на ендемичните растенија, нивната уникатност и важноста од нивната заштита.
Целта на предавањето беше унапредување на знаењата и поттикнување на интересот кај учениците за природните науки и заштитата на животната средина. Учениците со големо внимание го следеа предавањето и покажаа интерес за темата, поставувајќи прашања и споделувајќи свои размислувања.






