Денес , 13.2.2026 година , преку познатата бајка „Волкот и седумте јариња“ учиме една многу важна лекција – како да го заштитиме нашиот компјутер од вируси!
Во нашата интерактивна лекција:
Куќата е нашиот компјутер
Волкот е вирус
Пасвордот е заштита
Децата учат дека:
• Не секој што „тропа на вратата“ (порака, линк, игра) е добронамерен
• Мора внимателно да провериме кој ни се обраќа
• Пасвордот мора да биде точен
• Ако згрешиме – вирусот може да влезе во нашиот компјутер
Преку различни сценарија (погрешен пасворд, лажно претставување, преправање со глас и изглед), децата учат дека:
Хакерите можат да се преправаат
Треба внимателно да проверуваме
Не го споделуваме пасвордот со никого
Кога ќе го препознаат „вистинскиот пасворд“ – компјутерот останува безбеден, а задачата е успешно завршена!
Разговараме и за:
• Што е вирус?
• Зошто не смееме да споделуваме лозинки?
• Кога треба да побараме помош од родител?
Силни пасворд правила:
Не го кажувај својот пасворд на никого
Секогаш прашај родител пред да кликнеш
Не секој на интернет е тоа што вели дека е
Преку игра и приказна, децата учат како да бидат безбедни во дигиталниот свет. ![]()
![]()
Активноста ја реализираа учениците од Iб одделение со наставничката Елена Максимовска











