На 9.2.2026год.класниот раководител Јована Димовска ,со учениците од VI-а одделение беше реализирана едукативна работилница на тема „Видови насилство и развивање начини за заштита од истите“. Работилницата имаше за цел да ги запознае учениците со различните форми на насилство, како и да ги поттикне да развијат соодветни начини за препознавање, спречување и заштита од насилно однесување.
Активностите беа реализирани преку интерактивен пристап,преку power point презентација, разговор, примери од секојдневниот живот и дискусија. Учениците активно учествуваа, ги споделуваа своите ставови и размислувања, и преку конкретни ситуации учеа како правилно да реагираат.
Цели на работилницата
- Запознавање на учениците со поимот насилство и неговите видови
- Развивање свесност за последиците од насилството
- Поттикнување на емпатија, меѓусебно почитување и толеранција
- Развивање начини и стратегии за самозаштита и пријавување на насилство
Постигнати ефекти
По реализацијата на работилницата, учениците:
- Ги препознаваат различните видови насилство
- Се охрабрени да зборуваат и да побараат помош во случај на насилство
- Стекнаа знаења за начини на самозаштита и безбедно однесување
- Развија поголема одговорност и свесност за своето однесување и односот кон другите
Заклучок
Работилницата беше успешно реализирана и наиде на позитивен одзив кај учениците. Поставените цели беа остварени, а стекнатите знаења и вештини ќе придонесат за создавање побезбедна и попозитивна училишна средина.






