Безбеден интернет

По повод Safer Internet Day, на 10.2.2026год.наставничката Александра Мирческа заедно со учениците од 8б одделение реализираше едукативна активност на тема безбеден интернет.

Активноста беше интернационална, со учество на ученици од 9 европски држави. Учениците работеа со своите врсници на заеднички задачи, осмислуваа соодветни реакции на дадени онлајн ситуации и запишуваа што научија од истите, развивајќи критичко размислување и дигитална писменост.

Активноста се реализираше во рамки на еТвининг проектот “Level Up”, со користење на AI апликацијата Miro, која овозможи интерактивна и креативна соработка меѓу учениците од различни земји.

Преку оваа активност, учениците ги зајакнаа своите знаења за безбедно, одговорно и етичко користење на интернетот, како и важноста на правилната реакција во ризични онлајн ситуации.

#SaferInternetDay#SID#SID2026#BetterInternetForKids#SaferInternetCentres

Translate »