Денес,30.12.2025год. организиравме хуманитарен концерт во знак на поддршка за нашата колешка која се бори со карцином.

Учениците се претставија со прекрасни музички точки, покажувајќи дека хуманоста, солидарноста и заедништвото се најсилни кога сме обединети за добра цел. Благодарност до сите ученици, наставници и присутни кои со своето присуство и поддршка придонесоа овој настан да биде исполнет со емоции, надеж и љубов.


