Превенција од алкохол и цигари и препознавање и спречување на неприфатливо однесување

Заедно во превенција и градење позитивни вредности

Во рамки на нашите воспитно-образовни активности, училиштето реализираше низа работилници со учениците од 6-то до 9-то одделение, посветени на темите превенција од алкохол и цигари и препознавање и спречување на неприфатливо однесување.

Преку разговор, тимска работа и креативен израз, учениците активно учествуваа во изработка на хамери со пораки за здрави навики, почит и одговорност, со што ја покажаа својата свесност и ангажираност за позитивна училишна средина.

Како дел од оваа иницијатива, подготвени се и информативни постери за родителите, со цел зајакнување на соработката меѓу училиштето и семејството, бидејќи превенцијата започнува со заедничка поддршка и отворена комуникација.

Им благодариме на учениците за нивната посветеност, како и на родителите за континуираната соработка во насока на градење здрави навики и убаво однесување.

Translate »