Денес нашето училиште блесна на еТвининг сцената!
Со голема чест и уште поголема радост ви соопштуваме дека нашето училиште ја доби престижната ознака „еТwinning School“, признание кое ја одразува нашата континуирана посветеност на иновациите, соработката и дигиталната писменост во образованието!
Дополнително, се закитивме со уште една плакета, свечено доделена во просториите на Europe House, од страна на:
В.Д. директорката Ана Михајлов
Советничката за еТвининг, Анета Здравковска од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
Ова признание е за целата наша заедница – наставници, ученици и родители – кои секојдневно покажуваат дека вистинското образование не познава граници!!!



