На 24.09.2025 година беше одржана конститутивна седница на Ученичкиот парламент на која директорката на училиштето ги запозна учениците со функцијата и работата на Ученичкиот парламент и неговата улога во рамките на училиштето. Директорката потенцираше дека училиштето поттикнува ученичко организирање и активност со цел да се овозможи присуство на учениците во сите домени на училиштето кои се директно или индиректно поврзани со нив и притоа да се да се слушне и валоризира нивното мислење.
Новиот состав ќе го предводат:
Јана Велковска-претседател
Марко Стојковски- заменик претседател
Теона Николовска- секретар.
За претставници на учениците на состаноците на Наставнички совет се избрани учениците : Мила Ѓорѓиевска и Зоки Ивановски.
За претставници на учениците на состаноците на Совет на родители избрани учениците : Моника Трифуновска и Димитар Спасовски.
За претставници на учениците на состаноците на Училишен одбор се избрани учениците : Максим Петрушевски и Теона Николовска.
СРЕЌНА И УСПЕШНА РАБОТА!!!


