✨Горди сме да споделиме уште една убава вест!✨
Наставници од нашето училиште ООУ „Наум Охридски“ Александра Мирческа, Соња Апостоловска Трајковска, Билјана Белогаска и Елена Максимовска добија голем број Национални значки за квалитет за успешно реализираните eTwinning проекти во изминатиот период. 🏅📚
Овие признанија се потврда за посветената работа на нашите наставници и ученици, за нивната креативност, соработка и желба за учење преку современи европски практики. 🌍🤝
Честитки до сите вклучени во проектите – заедно создаваме училиште кое расте и се развива со европски вредности и идеи! 💡💙💛




















