ДЕТСКА НЕДЕЛА – ЧЕТВРТИ ДЕН

Продолжуваме со активностите во рамките на Детската недела под мото: „Детството е најубавата приказна – да им помогнеме на децата да ја напишат со насмевка!“ 🌈

🎨🖍️ „Цртаме заедно“ – секое дете даде свој придонес во создавањето на еден голем заеднички цртеж. Со својата креативност, боите и идеите, учениците создадоа шарено дело кое ја претставува нивната дружба, заедништво и различност. 🌈💛 Преку оваа активност покажавме дека кога создаваме заедно, секоја идеја е важна и секое дете има свое посебно место. 🥰

🌱🧹 „Доброто се враќа“ – преку заедничко добро дело за училиштето, учениците придонесоа за создавање поубава и попријатна средина. Средувањето на училницата, дворот или библиотеката, како и грижата за растенијата, ги поттикна учениците да бидат одговорни, грижливи и свесни дека со малку труд можеме да направиме голема промена. 💚🌍

🌈 Да учиме, да создаваме, да помагаме и заедно да го правиме светот поубаво место!

🎭🐝 „Сезнајка и Бубе“ – насмевки, смеа и поуки! 🐝🎭

🌈 По повод Детската недела, наставничките Соња Апостоловска-Трајковска и Елена Максимовска приредија весела и поучна куклена претстава „Сезнајка и Бубе“.

Низ хумор, игра и интересни дијалози, им подаривме на децата мигови исполнети со радост, смеа и важни животни поуки. ❤️

✨ Затоа што детската насмевка е нашата најголема награда!

https://www.facebook.com/reel/1639758514556272

Translate »