Еразмус+ проект „Smart Learn: The Magic of Numbers and Letters“

Наставници од ООУ „Наум Охридски“ учествуваа на меѓународна Еразмус+ обука во Истанбул

Во рамките на Еразмус+ проектот „Smart Learn: The Magic of Numbers and Letters“, кој се реализираше од 6 до 10 јули 2026 година во Истанбул, Турција, претставници од ООУ „Наум Охридски“ успешно учествуваа на меѓународна обука посветена на современи наставни практики и иновативни пристапи во образованието.

Нашето училиште го претставуваа Александра Мирческа, наставник по англиски јазик, Марина Миткова, педагог, и Ивана Блажевска, наставник по француски јазик.

Во текот на петдневната обука, учесниците следеа стручни предавања, активно се вклучија во интерактивни работилници и разменуваа искуства, идеи и добри практики со наставници и образовни експерти од Македонија, Шпанија, Турција и Хрватска. Обуката овозможи стекнување нови знаења и вештини, како и воспоставување на меѓународни партнерства што ќе придонесат за понатамошен професионален развој и унапредување на наставниот процес.

Како признание за нивната активност, посветеност и успешното учество во обуката, тројцата претставници од нашето училиште станаа дел од Learning Ambassador Team – тим на едукативни амбасадори кои ќе имаат можност преку едукативни работилници да ги споделат стекнатите знаења и искуства со учениците и колегите.
Учество во вакви меѓународни обуки претставува значаен чекор кон унапредување на квалитетот на наставата, поттикнување на иновативни методи на работа и јакнење на европската димензија во образованието.

Translate »