Во согласност со Годишната програма за работа на училиштето, на 14 и 15-ти мај 2026 година беше реализирана дводневна екскурзија за учениците од VI одделение од ООУ „Наум Охридски“ – с. Булачани.
На екскурзијата учествуваа учениците од:
VI-a одделение со класен раководител Јована Димовска
VI-б одделение со класен раководител Маја Крстеска
Екскурзијата се реализираше во Источна Македонија, според претходно утврдена програма и план на движење.
Поаѓањето беше во утринските часови од училишниот двор. Во текот на првиот ден учениците патуваа преку Штип, при што беа посетени црквата „Св. Троица“ во Радовиш, манастирите Водоча и Вељуса, како и Колешинските водопади. Потоа следуваше продолжување кон Струмица, каде учениците беа сместени во хотел. Во вечерните часови беше организирана забава и дружење.
Вториот ден започна со појадок и прошетка низ Струмица. По ручекот учениците заминаа за Дојран, каде имаа можност да прошетаат покрај Дојранското Езеро и да го разгледаат Стар Дојран. На враќање кон Скопје беше реализирана посета на винаријата „Вила Марија“. Во вечерните часови учениците безбедно пристигнаа во с. Булачани.
Екскурзијата помина во најдобар ред, со уредно и дисциплинирано однесување на учениците. Учениците покажаа интерес за културно-историските и природните знаменитости што беа посетени, а преку екскурзијата се поттикна дружењето, меѓусебната соработка и стекнувањето нови знаења и искуства.
За време на патувањето беа почитувани сите безбедносни мерки и насоки од страна на наставниците и организаторот на екскурзијата.
Класни раководители:
Јована Димовска
Маја Крстеска






















