Во рамки на Erasmus+ проектот „Growing Up Together“, во нашето училиште беа реализирани дисеминациски активности со учениците, посветени на темата „Петар Пан синдром“ и важноста од развивање одговорност и самостојност.
Наставниците Александра Мирческа, Соња Апостоловска-Трајковска, Елена Максимовска и Биљана Белогаска ги споделија знаењата, искуствата и добрите практики стекнати за време на меѓународните мобилности. Преку интерактивни презентации и дискусии, учениците имаа можност да размислуваат за предизвиците на растењето, донесувањето одлуки и преземањето одговорност за сопствените постапки.
Во текот на активностите беше презентирана и новоизработената брошура, со цел учениците подетално да се запознаат со темата и резултатите од проектот.
Овие активности ги поттикнаа учениците да размислуваат критички за личниот развој и да градат вештини за поодговорна и посамостојна иднина.
Заедно учиме, растеме и созреваме.













