Регионален саем на наука – „Науката и јас“ 🔬✨
Денес во ООУ „Гоце Делчев“ – Свети Николе се одржа регионалниот саем на наука, како дел од проектот „Науката и јас“.
Настанот се реализира во рамки на соработката помеѓу Македонија 2025, компанијата Џонсон Мети и Бирото за развој на образованието, со цел поттикнување на интересот за науката кај учениците.
На саемот учество зедоа ученици од повеќе училишта од регионот и од Скопје, кои се претставија со интересни и креативни експерименти.
Нашето училиште ООУ „Наум Охридски“ – с.Булачани успешно учествуваше на овој значаен настан, при што учениците достојно го претставија училиштето под менторство на одделенскиот наставник-ментор Елена Максимовска и предметен наставник Катерина Трифунова Лозановски . Настанот помина во одлична атмосфера, исполнета со знаење, истражување и ентузијазам. Учениците имаа можност да разменат идеи, да учат едни од други и да ја покажат својата љубов кон науката.
Со вакви активности продолжуваме да ги поттикнуваме младите да истражуваат и да создаваат!
Уште еден инспиративен ден исполнет со наука, креативност и љубопитни млади у ![]()
![]()
Вчера гордо бевме домаќини на 10-тиот Регионален саем на наука во Свети Николе, на кој се собраа талентирани ученици и посветени наставници кои прикажаа широк спе Од моделите на обновливи извори на енергија и хемиски реакции до демонстрациите по физиката и интерактивните квизови, саемот беше вистинска прослава
Настанот се одржа на 22 април 2026 година во ООУ „Гоце Делчев“ во Свети Николе, и упатуваме искрена благодарност до училиштето домаќини за одличната организација и срдечното гостоприм
Посебна благодарност до нашите општествено одговорни компании кои се приклучија и збогатија на настанот – Триглав Осигурување АД, АЛКАЛОИД АД Скопје, и Тримакс – како и за квизот на знаење за Денот на планетата Земја и слатките задово
Посебна благодарност и до Програмата за влијание на заедницата Johnson Matthey според која се реализира проектот „Наука и јас“, како и до сите училишта, наставници и ученици кои го направија овој настан толку значаен.
Прочитајте повеќе за настанот: https://macedonia2025.com/…/10th-regional-science-fair…/
Заедно, продолжуваме да ја инспирираме следната генерација да истражуваат, експериментираат и да се вљубуваат ![]()







